речник контакт

Арнаудова: фала на публиката за одличниот прием

Кристина беше гостинка на велешани

Петар Печков

 Македонската поп и рок пеачка Кристина Арнаудова  во средата вечер одржа концерт во Велес. Таа на публиката која беше шаренолика од пет до 85 години, во Амфитеатарот од Младинскиот парк им се престави со дел од своите композиции но и македонски рок  евергрин хитови. Во првиот блок се наврати на нејзините хитови од трите издадени албуми, како и сингловите исфрлени во меѓувреме.

Подоцна заедно со нејзиниот состав Ај Кју во жесток рок ритам ги понудија песните кои во седумдесеттите и осумдесеттите ги пееја македонски изведувачи а денес со задоволство се слушаат. Овој избор наиде на одличен прием кај публиката, што го почувствува и Арнаудова.

Благодарам на публиката за одличниот прием, многу благодарни гледачи кои добро ме прифатија, која секоја песна ја наградуваше со аплаузи. Пред ваква публика би пеела секоја вечер. Одлично мина и целата турнеја, свирев на плоштади на отворено, што е многу позахтевно за  разлика од клупските свирки. Овој во Велес беше најдоброто досега  – рече по концертот Арнаудова.  

Настапот во Велес беше дел од нејзината летна турнеја, со која се враќа на македонската сцена, по паузата. Изминатиот период настапи  на Карпошовото лето, Струмица, Гевгелија следи Кочани, Неготино.

Реално состојбата на естрадата не е сјајна, нема  услови каде да се промовира  и пушти квалитетна песна. Затоа престанав наеднаш да снимам. Со променети во законот за  музика и медиуми ќе ни се даде  шанса да се вратиме, таму каде ни е местото. Згора на тоа дојде и мајчинството. Се враќам на сцената, договорени се моите настапи на  Макфест и Скопскиот фестивал. До крајот ан годината  ќе издадам и едно ЦД со моите најдобри нумери а следната во план е нов материјал – изјави Арнаудова.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »